Достапни линкови

Милошоски за прв пат во посета на Перу


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски е во дводневна посета на Перу. Според министерството Милошоски ќе оствари средба со неговиот перуански колега Хозе Антонио Гарсија Белаунде на која ќе стане збор за билатералните политички односи меѓу двете земји. Милошоски се очекува да разговара и со претседателот на перуанскиот Конгрес Цезар Зумаета и со членови на Конгресот, како и со претседателот на извозници Хозе Луис Силва Мартинот. За прв пат еден македонски функционер е во посета на јужноамериканската држава.
XS
SM
MD
LG