Достапни линкови

Расте бројот на загинати при протестите во Либија


Анти-владините демонстрации во Либија
Во источниот либиски град Бенгази, кој е епицентарот на пет дневните протести против режимот на Претседателот Моамер ел Гадафи расте бројката на загинати. Според локалните болници десетици демонстранти биле убиени вчера, кога безбедносните сили отвориле оган на погребот на жртвите.
Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг ја осуди употребата на тешко оружје и снајпери против демонстрантите. Судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили имало и во градот Бајда.
XS
SM
MD
LG