Достапни линкови

Турција посредник во проблемот со иранската нуклеарна програма


Турскиот претседател Абдула Ѓул со иранскиот колега Махмуд Ахмадинеџад
Турција се согласила да работи заедно со Иран за пронаоѓање на нови начини за решавање на проблемот со нуклеарната програма на Техеран. Според соопштението на турскиот претседател Абдула Ѓул, по посетата на Иран неговата земја ќе вложува напори преку дијалог да биде решено прашањето. Се уште не се знае точно каков е планот на двете земји, но според Ѓул во разговорите ќе учествуваат турскиот министер за надворешни работи и главниот ирански преговарач за нуклеарната програма.
XS
SM
MD
LG