Достапни линкови

Војската ја презеде контролата во Бахреин


Војската во главниот град на Бахреин, Манама
Војската во Бахреин соопшти денеска дека ја презела контролата на клучните места во главниот град и забранила одржување на собири за да се воспостави јавен ред и мир во земјата.
Соопштението беше објавено на националната телевизија, откако полицијата изутринава со гумени куршуми и солзавец се обиде да ги растури три дневните демонстрации на главниот плоштад во Манама. Најмалку 4 луѓе загинаа при денешните немири, а 150 се повредени.
XS
SM
MD
LG