Достапни линкови

Одложен судскиот процес против Караџиќ во Хаг


Радован Караџиќ, поранешен лидер на босанските Срби
Судскиот процес против поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ, кој е обвинет за воени злосторства, е времено одложен. Во судската одлука е наведено дека откажувањето е во инетрес на судството, односно за да може одбраната да ја проучи документацијата поднесена од обвинителите.Минатиот месец Караџиќ се пожали дека обвинителството поднело 32.000 страници со докази и околу 200 часа видео материјал, што е многу тешко тој да ги разгледа додека процесот е во тек. Караџиќ е обвинет од Хашкиот трибунал по 11 точки за воени злосторства и злосторства против човештвото
XS
SM
MD
LG