Достапни линкови

На протестите во Египет загинале 365 луѓе


Протестите во Египет
Египетското министерство за здравство соопшти денеска дека најмалку 365 луѓе загинале за време на 18 дневните анти-владини протести во земјата. Тоа е првиот официјален број од властите за бројот на жртвите при соборувањето на режимот на Претседателот Хосни Мубарак, по 30 години на власт.
Според министерството тоа е прелиминарна бројка на загинатите цивили во која не се вклучени полицајците и затворениците. Нациналните медиуми пак соопштија дека јавните училишта и универзитетите во Египет ќе останат затворени до 27 февруари, бидејќи се уште има протести низ земјата.
XS
SM
MD
LG