Достапни линкови

Во Јордан ќе биде укината забраната за одржување протести


Анти-владините протести во Јордан
Јорданското министерство за внатрешни работи соопшти дека повеќе нема да биде потребна дозвола од властите за одржување на протести во земјата. Саед Хајел Сроур за Асошиејтед Прес изјави дека тој го поднел предлогот до владиниот кабинет, чиј одговор се очекува набрзо. Според Сроур демонстрантите сепак ќе треба да ги информираат властите два дена пред одржувањето на собирот.
Во последните неколку недели демонстрантите бараа властите да ја прекинат забраната за слободата на говор и правото на собири. Кралот Абдула вети дека ќе биде обезбедена поголема слобода и дека ќе бидат променети законите.
XS
SM
MD
LG