Достапни линкови

Утре започнува формирањето на новата косовска влада


Косовскиот премиер Хашим Тачи
Официјалните преговори за формирање на нова косовска влада почнуваат утре во Приштина. На предверемните парламентарни избори Демократската партија на премиерот Хашим Тачи доби најголем број на гласови, но кои не беа доволни за да се состави влада.
Новата влада најверојатно ќе биде формирана до 17 февруари кога се навршуваат три години откако Парламентот на земјата прогласи независнот на Косово. Коалициони партнери засега на Тачи ќе му бидат пратениците од турското, српското и бошњачкото малцинство.
XS
SM
MD
LG