Достапни линкови

Семејството на генералот Ванг Пао со критики до САД


Поранешниот генерал во Лаос Ванг Пао
Семејството на поранешниот генерал Ванг Пао соопшти дека е срамота што американската војска го одбила нивното барање, Пао кој бил нивен сојзуник во виетнамската војна во Лаос да биде погребан на националните гробишта Арлигтон. Според семејството одбивањето е лекција за тоа како администрацијата на Претседателот Барак Обама им одава чест на американските сојузници. Двајца конгремени по неговата смрт на 6 јануари соопштија дека Пао треба да биде погребан со американските војници со кои заедно се борел во Лаос.
XS
SM
MD
LG