Достапни линкови

Митинг на опозицијата за предвремени избори во Србија


Томислав Николиќ
Најголемата српска опозициона партија Српската Напредна Странка денеска за прв пат ќе одржи анти владини протести во Белград под мотото „Избори за промени“. Лидерот Томислав Николиќ изјави дека од власта ке се бараат вонредни избори. Тој ги отфрли стравувањата дека протестите можат да станат насилни како во Албанија. Николиќ очекува во Белград на протестираат околу 70 илјади луѓе и најави дека за безбедноста ќе се грижат околу 10 илјади полицајци.
XS
SM
MD
LG