Достапни линкови

Претседателот Иванов во работна посета на Вашингтон


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов од денеска престојува во тридневна работна посета на Вашингтон, каде што в четврток ќе присуствува на 59-тиот традиционален молитвен појадок што го организира американскиот Конгрес. Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има средби со сенаторите Џон Мек Кеин, Џозеф Либерман и Џејмс Инхоф. Предвидена е и средба со помошник државниот секретар Томас Кантримен. На овие средби, како што е соопштено, македонскиот претседател ќе побара нивна заложба, Грција да направи простор за компромис околу спорот за името.
XS
SM
MD
LG