Достапни линкови

Нова демократија утре ќе одлучи дали ќе го бојкотира Собранието


Претседателот НД Имер Селмани
Централниот совет на Нова демократија по предлог на претседателот Имер Селмани утре ќе одлучи дали ќе го бојкотираат Парламентот и политички ќе дејствуваат таму каде што се реалните проблеми, меѓу граѓаните и заедно со нив.
Партијата соопшти дека актуеленото парламентарно мнозинство, ја игнорира албанската опозиција, не земајќи ги предвид нејзините предлози за уставни измени. Според нив во Македонија нема политички дијалог, ниту парламентарна демократија и владата не ја почитува волјата на народот и ја руши демократијата во земјата.
XS
SM
MD
LG