Достапни линкови

САД со санкции кон Белорусија


Белорускиот претседател Александар Лукашенко положува заклетва при преземањето на должноста
Соединетите Држави ќе воведат санкции против Белорусија и ќе ја зголемат финансиската помош за цивилниот сектор во земјата, најави Стејт департментот. Помошник-државниот секретар на САД Филип Гордон најави дека ќе им се забрани на американките компании, но и на поединци да соработуваат со компании од Белорусија, ќе им се забрани на владините преставници да патуваат во таа земја, а ќе се воведат и дополнителни финансиски санкции. Невладиниот сектор во Белорусија ќе добие три милиони долари американска помош. Не стивнуваат меѓународните критики за Белорусија, по бруталното задушување на протестите по спорниот реизбор на претседателот Александар Лукашенко.
XS
SM
MD
LG