Достапни линкови

Метју Бриза за амбасадор на САД во Азербејџан?


Американскиот дипломат Метју Бриза
Американскиот претседател Барак Обама побара од Сенатот да го одобри неговиот избор за амбасадор во Азербејџан. Назначувањето на дипломатот Метју Бриза за амбасадор во Азербејџан наиде на осуда кај Американско-ерменските организиции. Во декември, Обама го назначи Бриза за привремен амбасадор, но за да добие целосен мандат треба одобрение од Сенатот. Американските Ерменци го обвинуваат Бриза за блискост со владата на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. Ерменија и Азербејџан се во спор за сепаратистичката област Нагорно-Карабах.
XS
SM
MD
LG