Достапни линкови

Бериша по средбата со Лајчак ги откажа протестите


Албанскиот премиер Сали Бериша

Албанскиот премиер Сали Бериша по средбата со пратеникот на Европската Унија Мирослав Лајчак изјави дека го откажал одржувањето на провладините протести, планирани за во сабота. Лајчак допатува во Тирана со цел да бидат намалени тензиите предизвикани од антивладините протести, во кои загинаа три лица.
Лајчак се сретнал и со лабанскиот претседател Бамир Топи, а ќе разговара и со лидерот на опозицијата Еди Рама.
ЕУ ги повика албанските политички лидери да воспостават дијалог за да се најде решение на политичката криза во земјата.
XS
SM
MD
LG