Достапни линкови

Парламентарците на СЕ ја усвоија резолуцијата на Марти


Дик Марти на денешната расправа во Советот на Европа
Резолуцијата за истрагата за наводните обвинувања за нехумано однесување и трговија со човечки органи во Косово, Парламентарното собрание на Советот на Европа ја усвои денеска со 169 гласови за, 8 против и 14 воздржани. Новина во текстот е промената во насловот на резолуцијата каде е вметнат зборот наводни.
Во резуолуцијата се упатува повик кон меѓународната заедница, властите во Белград, Приштина и Тирана да преземат мерки и да спроведат сериозна истрага за расветлување на обвинувањта за трговијата со човечки органи за време на конфликтот во Косово.
Швајцарскиот парламентарец Дик Марти кој го подготви извештајот изјави дека тој не е напишан против косовскиот и албанскиот народ.
XS
SM
MD
LG