Достапни линкови

Комисија од власта ќе ги истражува опозициските протести во Албанија


Погребот на еден од загинатите на антивладините протести во Тирана
Aлбанскиот парламент доцна синоќа основа комисија за истрага на протестите на опозицијата за време на кои загинаа тројца луѓе, а 150 се повредени. Комисијата која брои 11 члена, беше избрана само од пратениците на владејачката Демократска партија, додека опозицијата ја бојкотираше седницата. Премиерот Сали Бериша ја обвини опозицијата дека сака да ја собори власта и дека таа е крива за насилствата на протестите и за смртта на луѓето. Лидерот на опозициската Социјалистичка партија Еди Рама негираше дека планирале да направат удар за уривање на Владата. Рама повика на нови протести за во петок на 28 јануари.
XS
SM
MD
LG