Достапни линкови

Египетски исламски универзитет го замрзна дијалогот со Ватикан


Папата Бенедикт 16
Еден од најстарите сунитски исламски универзитети Ал-Азхар во Египет соопшти денеска дека ќе го замрзне дијалогот со Римокатоличката црква, поради според нив навредите на исламот од страна на Папата Бенедикт 16. Папата во минатиот месец ги осуди нападите на црквите во Египет, Ирак и Негирија во кои загинаа десетици луѓе и побара од владите да спроведат мерки за заштита на религиозните малцинства.
Потпаролот на Ватикан отецот Федерико Ломбарди изјави дека одлуката на Ал-Азхар нема да ја промени политиката на Ватикан за отворен дијалог со исламот.
XS
SM
MD
LG