Достапни линкови

Албанија - опозицијата бара вонредни избори


Скандалот со Мета ја потресе политичката сцена
Најголемата опозициска партија во Албанија, Социјалитичката партија ги повика граѓаните да го дигнат својот глас против корумпираната влада и најави за идната недела масовни протести, во момент кога премиерот Сали Бериша предложи нови министри по оставката на вицепремиерот Илир Мета.
Тој е осомничен дека е вмешан во скандал со примање мито. На видео снимка објавена на албански медиуми, прикажано е како Мета се договара со поранешниот министер за економија да намести бизнис за свој пријател со провизија од 700.000 евра.
Опозицијата бара владата да поднесе оставка и веднаш да се распишат вонредни избори.
XS
SM
MD
LG