Достапни линкови

Грабеж на претседателски пари во Аргентина


Кристина Фернандез
Вооружени разбојници ги украле парите кои биле наменети за трошоци за патувањето на претседателката Кристина Фернандез на Блискиот Исток. Разбојниците, во Буенос Аирес го пресретнале автомобилот со кој владини претставници ги пренесувале парите, им ги одзеле и со моторцикли побегнале. Според медиумите, станува збор за 68 илјади долари и 17 илјади евра, за трошоци за престојот на претседателката Фернандез и придружбата во Кувајт, Катар и Турција.
XS
SM
MD
LG