Достапни линкови

САД се надеваат на сериозни разговори со Северна Кореја


Стивен Босфорт во Сеул 04.01.2011
Американскиот пратеник за Северна Кореја изјави дека се надева на сериозни преговори за нуклерната програма на Пјонгјанг кои наскоро треба да започнат.
Стивен Босфорт денеска во Сеул се среќава со јужно корејскиот министер за надворешни работи пред натамошните консултации со министрите на Кина и Јапонија.
Загриженоста за Корејскиот полуостров порасна откако Северна Кореја стрелаше врз јужно корејски остров во Ноември 2010.
XS
SM
MD
LG