Достапни линкови

Сменети 4 министри во хрватската Влада


Јадранка Косор

Хрватската премиерка Јадранка Косор денеска во Загреб ги соопшти новите членови на реконструираната Владата.Таа изјави дека
се сменети министрите за финасии, култура, градежништво и заштита на животна средина и министерот за одбрана, а се воведува и нова функција, односно потпретседател за инвестиции. Косор изјави дека главната идеа е да се зацврсти оној дел од тимот што ќе треба да го понесе товарот од спроведувањето на економските реформи и да ги заврши преговорите со Европската Унија.
XS
SM
MD
LG