Достапни линкови

Русија побара од Јужна Кореја да се откаже од воената вежба


Јужно корејски брод на Јужно море
Русија на амбасадорите на САД и Јужна Кореја им изрази длабока загриженост за воената вежба планирана од Сеул во услови на големи тензии со Северна Кореја.
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека слична вежба набљудувана од страна на висок американски командант предизвика Северна Кореја да се одмазди со гранатирање островот Јеагпејонг минатиот месец при што загинаа четири лица.
Во соопштението на руското министерство се повикува Јужна Кореја да ја откаже вежбата за да се избегне дополнителна ескалација на тензиите на Корејскиот Полуостров.
XS
SM
MD
LG