Достапни линкови

Фудбал и Политика


Рејмонд Доминек
Рејмонд Доминек

Францускиот фудбалски дебакл на дневен ред на парламентрана комисија во Париз. ФИФА предупреди дека ако се меша полтиката - француските клубови ке бидат исклучени од меѓународните натпревари

Тренерот во оставка на Француската фудбалска репрезентација, Рајмод Доминик и претседателот на Француската фудбалска федерација, Жан Пјер Ескалатес денеска ќе сведочат пред парламентарна комисија во Париз за да го објаснат дебаклот на Светското првенство во Јужна Африка.

Тренер во оставка

Сведочењето, кое требаше да биде јавно, се одвива зад затворени врати на барање на Француската фудбалска федерација. Претседателот на ФИФА Сеп Блатер, вчера, предупреди дека Светската фудбалска федерација ќе ја суспендира Француската федерација доколку политичарите се мешаат во нејзината работа. Ако тоа се случи, француските клубови ке останат надвор од меѓународните лиги и натпревари.

Франција доживеа дебакл на Светскиот Куп – заврши последна во групата, а беше следена со скандали и надвор од теренот.
XS
SM
MD
LG