Достапни линкови

Дрогба наместо на тренинг на терапија


Капитенот на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба го пропуштил денешниот тренинг, поради дополнителна терапија за скршената рака.

Портпаролот на репрезентацијата сепак се надева дека Дрогба навреме ќе се опорави и ќе може да настапи на првиот натпревар на шампионатот против Португалија, што ќе се игра во вторник.

Дрогба си ја скрши раката за време на пријателскиот натпревар против Јапонија на 4 јуни. Сепак, и покрај повредата, изминативе два дена, Дрогба тренираше со своите соиграчи.
XS
SM
MD
LG