Достапни линкови

Бесплатна пица кога Франција ќе прими гол


Бесплатна пица секогаш кога Франција ќе прими гол на Светското првенство во Јужна Африка. Пицерија од синџирот на Пица Хат во Ирска се одлучи на ваков чекор, откако ирската репрезентација не се квалификуваше на Мундијалот поради голот што го примија од Французите во последното коло од квалификациите, откако францускиот репрезентативец Тиери Анри асистираше со рака.

Ирците и се лути на Франција и пицеријата ќе ги чести своите „Фејсбук“ фанови со бесплатна пица, секој пат кога француската репрезентација ќе прими гол.

Акцијата сепак е ограничена на 350 бесплатни пици за гол, објавија француските медиуми, порачувајќи му на францускиот голман Иго Лорис да даде се од себе, за „Пица Хат“ во Ирска да не дојде во ситуација да банкротира.
XS
SM
MD
LG