Достапни линкови

15 години женски центар Бисера од Охрид


Охрид
Охрид

15 години по формирањето, како едно од првите Здруженија на жени во самостојна Македонија, ЖЕНСКИОТ ЦЕНТАР Бисера од Охрид, деценија и половона ги обединува жените активистки, волонтерки, домаќинки, бизнис жени и пензионерки кои се во постојана акција организирајќи предавања од областа на здравството за болестите кај жените, насилството, изложби, хуманитарни забава, тортијади, свечености и многу други активности, кои оставаат печат во животот на Охрид.

„На 14 мај ќе го одбележиме меѓународниот ден на мајката, во што ги вклучуваме сите основни училишта во Охрид, а зад прославата стои секторот за образование во локалната самоуправа. Потоа на 28 мај ќе заминеме за Црна Гора во Будва, каде има женска асоцијација, чии членки ни се посестрими веќе четири години и имаме извонредни заеднички активности со кои ги афирмираме нашите два града.
На 14 мај ќе го одбележиме меѓународниот ден на мајката, во што ги вклучуваме сите основни училишта во Охрид, а зад прославата стои секторот за образование во локалната
самоуправа.
Годинава таму ќе го презентираме Охридскиот бисер, кој сметаме дека е единствен и убаво е граѓаните на Будва да го видат и да слушнат за неговиот историјат“, вели Нада Мартиноска, претседателка на Бисера.

Од 2002 година, во центарот функционира СОС телефонот на бројот 260-272, каде се почесто се јавуваат жени кои имаат проблем со насилството што зема замав иако од отсекогаш постоело, но сега жените се похрабри во неговото пријавување, што за жал сепак ретко има разрешница поради нивната економска инфериорност.

„Нема граници за насилството, ни се јавуваат жени од различни профили. Зад телефонот стојат обучени волонтерки, кои се способни да можат да одговорат на она што жената го бара на таа линија. Нашата задача како невладин сектор е да разговараме и да им помогнеме да се отворат жените, да го кажат проблемот што ги тишти и според она што тие бараат и кажуваат
Нема граници за насилството, ни се јавуваат жени од различни профили. Зад телефонот стојат обучени волонтерки,кои се способни да можат да одговорат на она што жената го бара на таа линија.
нашите волонтерки ги насочуваат кон институциите кои се задолжени да им помогнат и да го решат проблемот“, вели Мартиноска.

Како дел од Сојузот на жени на Македонија, Бисера е активно вклучена во Женското лоби и вечната борба за поголемо присуство на жените во власта и политиката, со цел жените во овој машки свет да не се маргинализирана група, туку тие да имаат поголема моќ во носењето одлуки за прашања од суштинско значење за сите во општеството.

„Жените се многу паметни и тие знаат да раководат. Меѓутоа и покрај тоа, реалноста е друга. Се уште наоѓаме отпор, но ние ќе се бориме и натаму, пред се да го задржиме процентот кој до сега е постигнат во Македонија, но ќе се бориме и за нешто повеќе. Квотата беше 30 посто, сега ќе одиме на 40 посто. Така да, заложбите секако ќе постојат и нека не се плашат мажите ништо нема да им одземеме, се бориме за рамноправност, бараме да бидеме рамо до рамо со нив и заеднички да придонесеме за развој на нашето општество“, вели претседателката на Бисера Мартиноска.

Таа и членките на женскиот центар соработуваат со женските асоцијации во регионот, ги примаат во Охрид сродните делегации од светот, а за постигнатите успеси во работата досега два пати ја имаат добиено Свети Климентовата повелба за патронот на градот.
XS
SM
MD
LG