Достапни линкови

Повисоко производство со помала искористеност на капацитетите?


Владата се пофали дека Македонија забележала трет најмал пад на БДП во Европа и најмал буџетски дефицит. За опозицијата е несфатливо како во декември Македонија остварила за 20 отсто повисоко производство во споредба со лани со помала искористеност на производните капацитети

Трет најдобар бруто домашен производ во Европа и еден од најниските буџетски дефицити во регионот и пошироко, проценет на 24.7 проценти од БДП. Ова се само дел од изјавите од владата и надлежните институции за економската ситуација, дел од кои претставуваат и реакции на опозициските обвинувања. Вчера од ЛДП овбвинија дека минатата година имало кусок од 162 милиони евра на приходната страна на буџетот. Од владата остро одвратија дека опозицијата само трага по медиумско внимание
Она што е најинтересно е дека, на пример, преработувачката индустрија пораснала со стапка на раст од преку 22 проценти, а во исто време, истиот државен завод за статистика објавува податок кој вели дека просечната искористеност на производствените капацитети во истата таа преработувачка индустрија во декември 2009 е помал во однос на 2008 година
потценувајки ги економските постигнувања. Сепак, од тука се поставува прашањето дали бројките и тврдењата на власта реално ја претставуваат економската состојба и добро ги предвидуваат трендовите?

Потпретседателот на опозициската СДСМ Зоран Јовановски вели дека е неблагодарно било кој да се сомнева во бројките кои ги објавуваат официјални институции но од друга страна според него, одредени податоци од професионален аспект отвораат логични прашања. Како пример потпретседателот на СДСМ ги наведува податоците за индустриското производство кое во декември 2009 пораснало за 20 проценти во споредба со декември 2008 година.

„Она што е најинтересно е дека, на пример, преработувачката индустрија пораснала со стапка на раст од преку 22 проценти а во исто време, истиот државен завод за статистика објавува податок кој вели дека просечната искористеност на производствените капацитети во истата таа преработувачка индустрија во декември 2009 е помал во однос на 2008 година.“

Од тука се поставува и едно логично прашање, додава Јовановски:

„Логичното прашање кое се поставува е како е можно да има толку висок пораст на индустриското производство во декември во услови на помала искористенот на производствените капацитети и помал број вработени ?“

Се чини дека аргументите на надлежните и презентираните податоци не убдеија дел од експертската јавност дека земјава се опоравила од кризата. Професорот Мирољуб Шукаров вели дека прогнозите на домашните институции се базираат на претпоставката дека кризата завршла.

„Имено, сите прогнози и на владата и на НБМ, па и на ММФ се засноваат на претпоставката дека светската криза на некој начин стивнува. Така што, сите овие оптимистички прогнози потекнуваат оттаму, јас не сум толку оптимист да можам да кажам дека работите тргнуваат во позитивен правец.“ вели Шукаров
XS
SM
MD
LG