Достапни линкови

Интерпретација на Изборниот законик


Коментари на изборниот законик е пулбикација на Невладината „Мост“ и ОБСЕ која би требало да ги разреши дилемите кои се јавуваат околу интерпретацијата на изборниот законик. Според Дарко Алексов од „Мост“ во изминативе три изборни циклуси се јавиле различни толкувања на изборната легислатива:

„Со последните три изборни циклуса произлегоа одредени дилеми и различни толкувања на изборното законодавство на Република Македонија кои претставуваат вистинска пречка за ефикасно спроведување на изборниот процес и обезбедување на меѓународните стандарди при неговото спроведување.“

Главна цел на публикацијата е да понуди правни мислења и совети кои би помогнале на сите засегнати страни, додава Алексов:

„Издаението е изработено да биде одговор на проблемите кои се идентификувани во минатото кои се однесуваат на непостојаната интерпретација на изборното законодавство. Токму затоа ова издание е предвидено да биде професионална алатка збогатена со професионални мислења и совети и како таква се очекува да им биде од значајна помош на сите засегнати страни и притоа да иницира конструктивни правни дискусии, поткрепени со силни правни аргументи и експертски анализи.“

Во подготовката на изданието биле инволвирани претставници од повеќе организации:

„Во подготовката беа инволвирани академската заедница, политичките партии, институциите дел кои се дел од изборниот процес, како и цивилното општество.“
XS
SM
MD
LG