Достапни линкови

Медиумите фокусирани на името


Фокусот на вниманието на медиумите, изминатава година главно е насочено на прашањето околу спорот со името и добивањето на датум за преговори со ЕУ. Иако не секогаш се објавуваа релевантни и претходно проверени информации, според комуниколозите беспредметно е новинарите да се обвинуваат дека и наштетуваат на државата.

Година во која во фокусот на вниманието беше дали ќе има разврска околу спорот со името, очекувањата од долго најавуваната визна либералзиација како и добивање на датум за преговори со ЕУ, медумите постојано беа во трка по вест. Притоа не секогаш се објавуваа релевентни и претходно проверени информации, е констатацијата на дел од комуниколозите и невладиниот сектор. Од друга страна, во сегментот на транспарентноста, државните институции целосно потфрлиле што е и една од причините зошто многу често се лиферуваат информации зад кои се кријат таканаречени дипломатски, владини, анонимни, неименувани, извори.
Новинарите треба да се ,,држат“ до она што се професионални стандарди, да имаат повеќе конкретни информации.Значи, во тој дел мислам дека е апсолутно беспредметно да се делат медиумите и новинарите или да се обвинуваат за тоа дека и наштетуваат на сопствената држава


„Новинарите треба да се ,,држат“ до она што се професионални стандарди, да имаат повеќе конкретни информации, официјални извори на информации, да имаат аргументи, факти и нив професионално да ги презентираат. Значи, во тој дел мислам дека е апсолутно беспредметно да се делат медиумите и новинарите или да се обвинуваат за тоа дека и наштетуваат на сопствената држава.“

Сугерира Билјана Бејкова од НВО-Инфо центар. Зависно од темата варира знаењето и квалитетот на информациите што е и нотирано во извештајот објавен од Центарот за европско образование. Фактот што има мало познавање што се тоа ИПА-фондови или пак што е разликата меѓу Светска банка и Европска инвестициона банка, укажува колку понекогаш површно се известува.

,,Тежиштето се става на името. Иако е битна работа, меѓутоа одредени секторски анализи недостасуваат. Значи луѓето не знаат што значи политика во земјоделие, значи европската политика тие не ја знаат, и незнаат што ќе им се случи ако утре да речеме, почнеме да преговараме со ЕУ.“

Вели Роберто Беличанец. Иако заинтересираноста на медумите за евроинтеграциите на Македонија е континуирана, очигледен е недостигот од коментари, анализи и истражувања што донекаде може да се разбере ако се има во предвид притисокот на кои се изложени новинарите, но и сопствениците на медумите. Комуникологот Петар Арсовски нотира три главни фактори при известувањето:
Тежиштето се става на името


,,Првото е доминација на известувањето врзано со проблемот за името, нашата интеграција во ЕУ не зависи само од името. Вториот фактор којшто сметам дека се прави е тоа што македонските медиуми сеуште Македонија ја третираат како аутсајдер во ЕУ и третата работа е тоа што мислам дека известувањето е под едни комерицијални политики. Односно се наметнува мислењето дека тие сакаат да ни наметнат решение, дека нешто сакаат да не ,,зезнат“... Живееме под притисокот на оваа ,,квази патриотска“ клима која што во моментов владее во Македонија.“
XS
SM
MD
LG