Достапни линкови

Локалната власт политизирана


Деполитизирани - поефикасни
Деполитизирани - поефикасни

Политизираноста на делови од локалната самоуправа е една од главните забелешки на граѓаните, заведена во истражувањето на Заедницата на единици на локалната самоуправа и ОБСЕ. Амбасадорот на ОБСЕ во земјава Хозе Луис Хереро вели дека меѓу позитивните аспекти од работата на локалната самоуправа, политичкото влијание е еден од главните проблеми кои го посочиле анкетираните ,

Политизираноста на делови од локалната самоуправа е една од главните забелешки на граѓаните, заведена во истражувањето на Заедницата на единици на локалната самоуправа и ОБСЕ. Амбасадорот на ОБСЕ во земјава Хозе Луис Хереро вели дека меѓу позитивните аспекти од работата на локалната самоуправа, политичкото влијание е еден од главните проблеми кои го посочиле анкетираните
Граѓаните веруваат дека општините се многу политизирани и се сомневаат во нивната кмпетентност и ефикасност


,,Има критични аспекти. Граѓаните веруваат дека општините се многу политизирани и многу граѓани се сомневаат во компетентноста, капацитетот и ефикасноста на општините. Очигледно има многу решенија но едно од нив, како што беше посочено, е обезбедување на повеќе финансиски и технички ресурси за општините да станат покомпетентни“.

Но со истражувањето се утврдени и позитивни трендови во единиците на локалната самуправа, додава амбасадорот на ОБСЕ

,,Има некои многу позитивни трендови. општините можат да ги апсолвираат сите надлежности кои им се дадени и граѓаните покажуваат задоволство од зголеменото ниво на надлежности и начиннот на кои општините ги развиваат. Ова е позитивно. Тоа го утврдиле и градоначалницитре и општинските администрации и граѓаните“.

Администрацијата на локалната самоуправа не е политизирана, вели градоначалникот на град Скопје и претседател на ЗЕЛС Коце Трајновски

,,Јас не би рекол дека администрацијата во локалната самоуправа е политизирана. Напротив, сметам дека се тие државни службеници и дека е деполитизирана“

Во поглед на професионализирањето и обучувањето на администрацијата, потребни се повеќе напори, додава Трајановски

„Во локалната самоуправа сигурно дека треба малку поголем напор и повеќе време за да можеме да добиеме попрофесионална администрација, со оглед на тоа што добивме профили кои дотогаш ги немаше.

Инаку, во извештајот на ОБСЕ се препорачува ревидирање на редистрибуцијата на приходите, зголемување на општинските приходи, охрабрување на меѓуопштинската соработка и промовирање на транспарентноста и отчетеноста на локалните власти кон граѓаните.
XS
SM
MD
LG