Достапни линкови

Владините потези причина за високите камати?


Министерот за финансии Зоран Ставревски
Министерот за финансии Зоран Ставревски

Каматните стапки во Македонија се високи. Според експертите, тоа се должи на продажбата на државни записи за покривање на буџетскиот дефицит.

Продажбата на државни записи по повисоки каматни стапки ја предизвика Народната Банка да ги зголеми каматите на благајничките записи, што во најголема мера влијаеше на поскапувањето на кредитите, тврдат дел од експертите. Додека банките пред граѓаните и фирмите се правдаат дека повисоките камати се должат на светската економска криза, експертите тврдат дека постапките на
Со оглед дека неможеше да ги привлече инвеститорите за да и позајмат на државата пари, за да таа го финансира својот дефицит, Министерството мораше да ги зголеми каматните стапки и тогаш ги привлече. Меѓутоа зголемувањето на каматните стапки во услови на фиксен денар во однос на еврото, почна да ја нарушува позицијата на денарот и се одлеваа многу девизи од земјата надвор и затоа девизините резерви се срушија.
Министерството за финансии се еден од главните причинители на поскапувањето на капиталот. Екс министерот за финансии Никола Поповски вели дека најголем придонес за зголемување на каматите имал дефицитот во централниот буџет.

,,Кој за да се полни, за да се финансира мораше да собира внатрешни средства, практично да се задолжи со обврзници. Со оглед дека неможеше да ги привлече инвеститорите за да и позајмат на државата пари, за да таа го финансира својот дефицит, Министерството мораше да ги зголеми каматните стапки и тогаш ги привлече. Меѓутоа зголемувањето на каматните стапки во услови на фиксен денар во однос на еврото, почна да ја нарушува позицијата на денарот и се одлеваа многу девизи од земјата надвор и затоа девизините резерви се срушија."

Сето ова водело до интервенција на Народната Банка, појаснува Поповски при своето обраќање на семинар во организација на Високата школа за новинарство:

,,Народната Банка мораше да интервенира со цел да ја намали ликвидноста во економијата. Како ќе ја намали? Така што ќе привлече пари на својата сметка од банките со тоа што нормално ќе им понуди пад за 0,1 или иста 9 процентна каматна стапка наместо парите да одат во потрошувачка во Министерството за финансии ќе завршат во Народна Банка како депонирани пари кои се извезени од економијата."

Речиси идентично објаснување дава и економскиот аналитичар Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи. Таа додава дека инвеститорите се најзаинтересирани за сретства со помал ризик:

,,Имајќи во предвид дека и благајничките записи кои што ги издава Народната Банка и државните хартии од вредност кои што се даваат од страна на Министерството за финансии се со исти ризик, што значи дека се најнеризични средства во една држава, неможе едните да имаат 7% камата, а другите 9% камата."

Според Хаџимустафа, Министерството за финансии директно и конкурирало на Народната Банка на Македонија:

,,Како резултат на тоа Народната Банка мораше да ги зголеми каматните стапки на благајничките записи."
XS
SM
MD
LG