Достапни линкови

Нимиц закажа нова рунда преговори за името


Медијаторот Метју Нимиц
Медијаторот Метју Нимиц

Преговорите за името со Грција продолжуваат по 16 ноември во Њујорк под медијаторство на Метју Нимиц. Дел од партиите повикуваат на градење политички и етнички консензус.

„Иницијативата на медијаторот Метју Нимиц е навремена и може да му даде нов импулс на интензитетот на заемниот дијалог“, оцени денеска министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во врска со најавата на Нимиц за продолжување на разговорите за спорот со името во средината на ноември. Милошоски изјави и дека македонска страна е подготвена да биде дел од овој процес и со конструктивен пристап со почитувањето на духот и на нормите од времената спогодба од 1995 година да изнајде варијанти преку кои ке се приближат ставовите во процесот што се води под покровителство на Обединетите Нации.
Милошоски изјави дека смета оти со еден таков контруктивен придонес ќе бидат разменети аргументи за темите од заеднички интерес, особено за прашањето кое е наметнато како спор од Република Грција, а се однесува на уставното име, рече Милошоски.

Преговорите по 16 Ноември во Њујорк

Преговорите за името ќе продолжат по 16 ноември во Њујорк. Ваквиот потег на медијаротот Нимиц се поврзува со вчерашната изјава на генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун при посетата на Атина во која тој вели дека медијаторот е подготвен да ги продолжи
Во овие решителни моменти што ги минуваме како држава до Самитот на министрите во декември, ние уште еднаш треба да покажеме дека кога е во прашање евро атлантска перспектива на Македонија, односно наша готовност и спремност за решавање на спорот за името со Грција ние треба да имаме широк политички и етнички консензус
разговорите за името штом двете страни покажат подготвеност за тоа. Најверојатно при оваа посета, грчката страна ја покажала таа подготвеност, велат официјални извори коишто додаваат и дека Македонија е попдготвена разговорите да продолжат тогаш кога медијаторот ги закажал и во нив како што велат ќе продолжи конструктивно да учествува. Дали претходно државните иснтитуции ќе се координираат сеуште е рано да се знае. Во овој период не е иницирана ниту лидерска средба за која најголемата владејачка партија не гледа причина да се одржи во овој момент се додека како што рекоа не се случат некакви значајни поместувања во преговорите. Коалициониот партнер во Владата ДУИ пак претстојната рунда преговори ја гледа како многу важна во пресрет на 7 декември до кога ако не изнајдеме тогаш треба да зацртаме кое би можело да биде решението, вели Џевад Адеми од оваа партија. Тој додава и дека меѓупартиските средби и консултации во овој перид би биле потребни и во интерес на демонстирањето политички консензус околу прашањето.

„Во овие решителни моменти што ги минуваме како држава до Самитот на министрите во декември, ние уште еднаш треба да покажеме дека кога е во прашање евро атлантска перспектива на Македонија, односно наша готовност и спремност за решавање на спорот за името со Грција ние треба да имаме широк политички и етнички консензус.“

Од најголемата опозициона партија нема да бидат иницијатори на некакви консултации туку ќе чекаат нови моменти и јасен став од владата околу кој ќе може да се разговара.

„Нашиот став е познат, ние сметаме дека во разговори треба да се учествува, дека времето од ЕУ треба да се искористи на паметен начин. Тешко ми е да кажам било што бидејќи изјавите кои доаѓаат од различни претставници на владата се контрадикторни,“

вели Андреј Петров од СДСМ.

Рзговорите з аимето беа занрзнати во периодот додека се довиваа парламентарните избори во Грција и се чекаше нивно продолжување по изборите. Во тој период Медијаторот Нимиц изјави дека изнел доволно идеи на маса за двете страни да почнат да размилсуваат креативно за изнаоѓање решение.
XS
SM
MD
LG