Достапни линкови

Владата да се фокусира на решавање на името


Граѓани со македонското и знамето на ЕУ
Граѓани со македонското и знамето на ЕУ

Домашните експерти сугерираат дека во наредниот период, Владата треба да се фокусира на решавање на спорот за името со Грција. Тие исто така укажуват и на важноста од добрососедски односи.

Завршена демаркацијата со Косово, но оспорена. Децениски спор со Грција за името и обиди Скопје и Атина конечо да го затворат проблемот. Со таква амплитуда со позитивни чекори и негативни реакции со децении наназад е надворешната политика на Македонија кон соседите. Во одделни случаи државата самата била иницијатор за влошување на односите со земјите од опкружувањето, но не беа за потценување ниту повремените провокации од страна на некои соседни држави кон нас. Поранешниот вицепремиер Васил Тупурковски кој за време на неговиот мандат, Македонија го потпиша договорот за Стабилизација и асоцијација со ЕУ, вели дека од македонска страна не секогаш постоело воља за градење и јакнење на меѓусебната доверба со соседите:
Мислам дека тој притисок ќе го трпиме и понатаму и нормално дека етаблираните земји во ЕУ ќе имаат предност во нашиве конкретни ситуации, полесно ќе докажуваат дека ние ги создаваме проблемите, а не тие


,,Во насока на добрососедството, како тотална промена на атмосферата после Втората Светска војна практично се создадени основите за понатамошно креирање на ЕУ, мислам дека тој притисок ќе го трпиме и понатаму и нормално дека етаблираните земји во ЕУ ќе имаат предност во нашиве конкретни ситуации, полесно ќе докажуваат дека ние ги создаваме проблемите, а не тие."

Бидејќи добрите меѓусоседски односи се еден од условите за земја аспирант во ЕУ, доволно кажува од колкава важност е за Македонија да има одлични релации со сите соседи:

,,Македонија е таа која што треба да понуди некои излезни решенија кои што можеби и за соседите не се толку значајни затоа што тие веќе ги решиле овие прашања."

Посочува аналитичарот Ибрахим Мехмети. Во контекст на решавањето на отворените прашања, во одредени моменти Македонија е соочена и со оспорени права на политичко и национално организирање на нејзиното малцинство кај дел од соседите:

,,Ние како држава треба да се грижиме и за сопственото малцинство во соседните земји. Не сметам дека тоа е провокација."

изјави Јана Лозановска од Евробалкан. Нашите соговорници сугерираат Владата во наредниот период да се фокусира во надминувањето на спорот за името. Во истовреме сметаат дека Македонија треба да се воздржи од нови провокации:
Да се оди брзо кон решение, да се затвори прашањето за името, да се размисли добро за референдумот


,,Македонија направи многу грешки во однос на Грција со именувањето на аеродромот, автопатот... Тоа беше повеќе луксуз отколку потреба."

,,Да се оди брзо кон решение, да се затвори прашањето за името, да се размисли добро за референдумот. Мислам дека се тоа притисоци кои што на долга патека ќе и користат на Македонија."

Оценуваат Благоја Марковски од Балканскио форум за безбедност и Васил Тупурковски, поранешен вицеприемиер.
XS
SM
MD
LG