Достапни линкови

Преговори во тајност


Средбата Груевски - Папандреу во Брисел
Средбата Груевски - Папандреу во Брисел

Грчките позиции во преговорите за името се познати. Дел од стратегијата на македонскиот државен врв е да не се откриваат детали за позициите на Македонија. Експертите се сомневаат дека Македонија има јасно исфилтрирани преговарачки позиции

Додека грчката страна знае е на чисто кои се нејзините преговаралки позиции, црвени линии и стратегии, дел од стратегијата на македонскиот државен врв е позициите да се држат во тајност и тоа уште еднаш го потврди претседателот Иванов деновиве кога со
Приоритетот не е да се изгради и да се одбрани добра стратегија и да се направи компромис. Туку приоритетот е локалниот, национален, изборен популарен моментум да се задржи.
уште една изјава стави до знаење дека се додека траат преговорите нема да се откриваат позициите за да не му се наштети на целиот процес. Дел од македонските експерти се сомневаат дека на македонска страна се воопшто јасно исфилтрирани преговарачките позиции но и дека зацементираниот став да не се изнесуваат детали во јавноста се должи на повременото разногласие во државниот врв кое на овој начин соажа до израз. Аналитичарот Никола Сталевски од ЦРПМ вели дека зад ваквата стратегија пред се стојат внатрешно политички отколку надворешна.

„Приоритетот не е да се изгради и да се одбрани добра стратегија и да се направи компромис. Туку приоритетот е локалниот, национален, изборен популарен моментум да се задржи. Ниту една политичка партија во Македонија нема да излезе во медиум и да каже, знаете што, ние мора со Грците да се договориме по секоја цена, макар и тоа значело дека ќе го смениме името.“

Медијаторот Метју Нимиц и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски
Дефинирајќи го евентуланиот поинаков настап на македонските елити како политичко самоубиство, што се донесува до самата позиција Сталевски вели дека таа не може многу да и помогне на стратегијата. Евентуално, таа би можела да се избегне доколку се дојде до политички консензус на сите политички актери околу можното прифатливо решение за нас. Извесна дискрециона фаза во процесот е потребна додава аналитичарот Алберт Муслиу но во нашиот случај тоа има и одредени функции.
Да се направи аура околу целиот процес на преговори, за да може тоа и полесно да помине кај граѓаните кога ќе дојде до финална фаза.


„Да се направи аура околу целиот процес на преговори, за да може тоа и полесно да помине кај граѓаните кога ќе дојде до финална фаза.“

Она што грчките позиции ги прави подостапни за јавноста, велат е кспертите е и нивната предност во спорот. Во моментов Грција се занимава со создавање на имиџ на конструктивен и позитивен учесник во преговорите. Македонската страна чека. Елкпсертите велат нови европски награди од типот на визната либерализација со надеж дека тие ќе ја подобрат нашата позиција. Официјални извори велат дека динамиката на преговаралчкиот процес ја одредува медијаторот Нимицм а засега од него нема нова иницијатива. Спорот е сложен и нема временска рамка за да се изнајде решение изјави неодамна неговиот портпарол.
XS
SM
MD
LG