Достапни линкови

Охрабрување за решавање на проблемот со името


Известувачот на Европскиот парламент Зоран Талер на средба со претседателот Ѓорѓе Иванов
Известувачот на Европскиот парламент Зоран Талер на средба со претседателот Ѓорѓе Иванов

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија Зоран Талер е во Скопје. Тој рече дека доаѓа за да се запознае подобро со ситуацијата во земјата, но додаде дека верува дека наредните недели се добра можност за решавање на проблемот со името.

Новиот известувач на Европскиот парламент за Македонија Зоран Талер рече дека не носи никаква порака до државниот врв туку дека е дојден да ја запознае подобро ситуацијата во земјава пред подготвувањето на новиот извештај за земјите кандидатки. Неговата порака сепак во духот на дипломатската офинзива на Брисел, наредните неколку недели се добра можност да се дојде до решение за името.
Неколку пати повторив дека силно верувам дека наредните недели се добра можност. Постојат јасни сигнали од Атина, дека тие би сакале да се изнајде решение, да се изнајде модус вивенди којшто ќе биде добар за двете страни и се разбира во ЕУ не има многу коишто веруваат дека навистина е вистинско време ова да се заврши


Известувачот на Европскиот парламент Зоран Талер на средба со потпретседателот на Владата Васко Наумовски
„Неколку пати повторив дека силно верувам дека наредните недели се добра можност. Постојат јасни сигнали од Атина, дека тие би сакале да се изнајде решение, да се изнајде модус вивенди којшто ќе биде добар за двете страни и се разбира во ЕУ не има многу коишто веруваат дека навистина е вистинско време ова да се заврши. Се обидуваме да ги охрабриме двете страни да изнајдат заедничко решение.“

МИА утринава пренесе вест објавена од стран на грчката новинска агенција МПА дека денеска во Брисел премиерот Груевски денеска во Брисел ќе се сретне со Папандреу, и дека средбата ја иницирал грчкиот премиер во текот на нивниот вчерашен телефонски разговор. Од македонската Влада ја демантираа веста.

Доколку до решение не се дојде до декември, ќе остане само статус кво коешто не е препорачливо, додаде Талер при денешната посета на Скопје.

„Реално, стравуваме дека ништо нема да се случи и дека оваа можност ќе биде пропуштена и затоа ние би сакале да го превенираме ова сценарио,“

Професор Денко Малески
изјави Талер. Премиерот Груевски вчера во Брисел се сретна со еврокомесарот за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана којшто оцени дека сака да види што поскоро решавање на спорот за името и дека при тоа референдум не би бил најдоброто решение зошто би го одложил целиот процес на решавање на прашањето за името.

Професорот Денко Малески е на ставот дека би било погрешно доколку од неодамна објавениот извештај на европската комисија којшто содржи препорака за добивање датум за преговори се прокнижи само како успех, а не се сфати силниот меѓународен притисок којшто таа го содржи.

„Имено, еве, ви пружаме рака, ве молиме помогнете ни да ви помогнеме, пробајте да најдете решение за тој проблем. Ништо појасно од тоа не може да се каже.“

изјави Малески во неделното интервју на Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела.
XS
SM
MD
LG