Достапни линкови

ССМ најавува масовни протести


Во знак на незадоволство поради измените на Законот за работни односи, усвоени во Собранието, ССМ најавува масовни протести. Според Сојузот на синдикати со измените се кршат правата на работниците.

Масовни протести во знак на незадоволство од измените на Законот за работни односи најавуваат од Сојузот на Синдикатите на македонија. Собранието на 76 седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи. Додека од Министерството за труд и социјална политика тврдат дека законот не ги крши правата на работниците, портпаролот на ССМ Милан Живковиќ вели дека одредбите во документопт се спротивни на меѓународните конвенции:
Во сите конвенции на Меѓународната организација на трудот се укажува дека Владата не смее да делува, не смее да донесува закони со кои ќе укажува како Синдикатите односно Организациите на работниците, ќе се уредуваат


,,Во сите конвенции на Меѓународната организација на трудот се укажува дека Владата не смее да делува, не смее да донесува закони со кои ќе укажува како Синдикатите односно Организациите на работниците, ќе се уредуваат, што значи какви статуси ќе се донесуваат, која ќе биде репрезентативноста, кои тела и органи ќе се организираат итн. Што значи се кршат Конвенциите 87, 98 и 144 од Меѓународната организација на трудот."

Неодамнешните протести на ССМ
Во ССМ идната недела ќе се одржи вонредна седница на која ќе се дискутира за идните реакции на измените. Живковиќ не ја исклучувба можноста за организација на нови, помасовни протести:

,,На таа седница ќе се рапсрава за понатамошни чекори, а тоа ќе бидат значи масовни протести со кои ќе го искажеме нашето негодување, односно несогласување со овие измени на Законот за работни односи."

Од Министерството за труд и социјална политика, од друга страна, тврдат дека законот е скроен согласнио препораките на европските институции и дека истиот е усогласен со одделни директиви на Европската Унија.
Овие измени, односно многу малку се измените каде што би се рекло дека ќе ги зголемат или ќе ги намалат правата на вработените

„Целта на законот не е намалување на правата на вработените, ниту пак има намалување на правата„ се вели во писмена реакција од министерството во која се побива тврдењето на ССМ дека во земјава нема социјален дијалог. Поддршка за измените во Законот за работни односи пристигна и од Конфедерацијата на Слободни синдикати. Претседателот на КСС Роско Мишкоски изјави дека измените главно се однесуваат на препораките на Европската Комисија и на други меѓународни институции:

,,Овие измени, односно многу малку се измените каде што би се рекло дека ќе ги зголемат или ќе ги намалат правата на вработените, значи тоа се одредени сугестии на Меѓународната организација на трудот или на Европската Комисија кои што сугерираат во делот на работното време, на годиштните одмори итн. Значи во тој дел законот дава една рамка, а во останатите делови тие се регулираат со Колективните договори."

вели Мишкоски.
XS
SM
MD
LG