Достапни линкови

Демаркацијата решение или кршење на Уставот?


Мапа на Македонија
Мапа на Македонија

Власта и опозиција со меѓусебни обвинувања за демаркацијата на границата со Косово. Според опозицијата тоа значи грубо кршење на Уставот, а власта го брани чекорот.

Успешно затворено прашање или грубо кршење на Уставот. Власта и опозицијата и понатаму со несогласувања околу начинот на кој се усвои предлог законот за демаркација на границата помеѓу Македонија и Косово. Демаркацијата, според власта, е успешна. Оливер Шамбески од владеачката ВМРО ДПМНЕ на прес конференција истакна дека Македонија е единствената држава од зејмите на поранешна Југославија, а и една од неколкуте на Балканот и Европа која има јасно дефинирани и утврдени гранични линии со своите соседи. Лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски изјави дека утврдувањето на границата со соседно Косово е значајно прашање.

,,Она што за нас е спорно е начинот на кој што македонската Влада тоа го направи. Имено, по својата суштина потпишаната спогодба, не е спогодба за техничко одбележување на границата, туку спогодба за размена на територии и менување на претходно постоечката,
За менување на границата, а тоа се случи, Уставот јасно предвидел сосема поинаква постапка и усвојување со дво третинско мнозинство во Собранието и референдумско изјаснување со граѓаните
утврдена и неодбележана граница."

Црвенковски додава дека при утврдувањето на границата со Косово не бил испочитуван Уставот:

,,За менување на границата, а тоа се случи, Уставот јасно предвидел сосема поинаква постапка и усвојување со дво третинско мнозинство во Собранието и референдумско изјаснување со граѓаните."

Претставници на експертската јавност оценуваат дека демаркацијата на границата е чекор напред во воспоставувањето на добрососедски односи. Професорот Мерсел Биљали посочува дека со демаркацијата на границата земјава демонстрирала дека може да ги среди односите со соседите:

,,И со соседите, еве конечно и со Република Косово што секогаш предизвикуваше тензии, недоверба итн."

За дел од експертите сметаат дека најспорни во иднина ќе бидат односите со Србија. Политикологот Жидас Даскаловски вели дека економските односи со србија нема да бидат спорни, но проблем според него може да се појави на политички план. Македонија и Србија веќе потпишаа договор за демаркација кој се однесуваше и за делот кон Косово. Токму тоа, според Даскаловски може да се проблематизира.

,,Овој договор е де факто вон институциите на ОН, меѓутоа треба да се прифати реалноста во регионот, а таа е дека Косово од минатата година е независна држава."
XS
SM
MD
LG