Достапни линкови

Позитивен економски раст во 2010


До крајот на годинава, според министерот за финансии Зоран Ставревски македонската економија ќе забележи пад од 0,6 отсто. Раст од 1,5 до 2 проценти може да се очекува во 2010. Според експертите, минимален раст не е доволен за македонската економија

Економскиот раст до крајот на 2009 година ќе биде минус 0,6 проценти, посочи Министерот за финансии Зоран Ставрески, додавајки дека позитивен раст може да се очекува во 2010 година од 1,5 до 2 проценти. Експертите посочуваат дека годинава ќе заврши со негативен раст, додека догодина може да се очекува раст од 2 проценти. Економскиот аналитичар Ден Дончев вели дека
2010 во контекст на случувањата исто така и во глобалната економија би требало да биде позитивна за Македонија и очекувам дека би требало да имаме раст од еден до два отсто, но тоа е минимално и далеку од потребите на македонската економија за да се намали невработеноста која е рак рана на македонското општество
догодинешниот раст од два проценти не е доволен за економско опоравување на земјава

„Значи, ако се случи негативен раст годинава, мислам дека 2010 во контекст на случувањата исто така и во глобалната економија би требало да биде позитивна за Македонија и очекувам дека би требало да имаме раст од еден до два отсто, но тоа е минимално и далеку од потребите на македонската економија за да се намали невработеноста која е рак рана на македонското општество.“

Дончев појаснува дека проекциите се предвидувања кои на крај не се секогаш точни

„Како и секоја проекција тоа е обид да се предвиди иднината од аспект на тоа како би се движеле одредени компонентни кои го составуваат БДП. Како и секој обид да се предвиди иднината носи соодветни ризици. Така што не е перфектна наука во секој случај. Меѓутоа, карактеристично за 2009 година е тоа што е промашена стапката на раст од тоа што ќе се случи.“

Претставници на Владата и министерствата неколкупати до сега потенцираа дека, меѓу другото, позитивните трендови на светските пазари ќе имаат поволно влијание на македонската економија. Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека за тие позитивни влијанија ќе треба да се почека

„Во моментов тоа не е можно ниту ние го очекуваме. Тие веројатно ќе дадат свои резултати за неколку месеци. Затоа што излегувањето од рецесија на западните земји ќе се случува, а за да се обноват нарачките и деловните односи ќе треба подолго време.“

Инаку Владата, Меѓународниот монетарен Фонд и Народната Банка речиси секогаш пласираа различни проекции за економскиот раст во земјава.
XS
SM
MD
LG