Достапни линкови

Сто милиони евра за малите и средни фирми


Владата на Република Македонија
Владата на Република Македонија

Преку Македонската банка за поддршка на развојот ќе се пласираат сто милиони евра за малите и средни претпријатија. Бизнисмените сметаат дека за полезно искористување на средствата се потребни нови проекти

Владата обезбеди 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за подршка на малите и средни претпријатија во земјава. Парите, кои ќе се пласираат преку Македонската банка за поддршка на развојот би требало да им помогнат на фирмите да се справат со ефектите од светската економска криза. Додека Владата тврди дека на овој начин им се помага на малите и средни претпријатија кои
Имено, има одредени хендикепи таа банка, затоа што во принцип не финансира директно. Кога се пласираат тие се пласираат преку комерцијалните банки. Но, таму ве чекаат со воведување на институт рамка или хипотека, ако таа е искористена, вие не можете да земете од поволните кредити
сочинуваат повеќе од 80 проценти од македонската економија, од дел од фирмите се скептични за поволните кредити. Драган Николов, директор на градежна фирма, вели дека пласманот на кредитите преку Македонската банка за подршка на развојот може да претставува хендикеп.

„Имено, има одредени хендикепи таа банка, затоа што во принцип не финансира директно. Кога се пласираат тие се пласираат преку комерцијалните банки. Но, таму ве чекаат со воведување на институт рамка или хипотека, ако таа е искористена, вие не можете да земете од поволните кредити.“

Николов додава дека во услови на криза тешко може да се очекуваат нови портфати на домашните инвеститори. Кредитите, според него, во услови на криза најверојатно ќе се користат за санирање на штетите.

„Прашањето е дали има проекти, ако нема проекти или продажба, би ги искористиле за плати, за тековни обврски и би останале без пари, а со долгови.“

Николов заклучува дека во услови на криза државата најмногу може да помогне.

„Државата е најголем работодавец, таа треба сега да ги изгради патиштата, да ги доврши коридорите итн. Ако успееме да донесеме и странски инвеститори тоа ќе биде плус, нема друго решение.“

Од Министерството за Економија се со општимистички прогнози. Министерот за Економија Фатмир Бесими во интервју за Радио Слободна Европа изрази надеж дека во четвртиот квартал од годинава домашната економија ќе се стабилизира.

„Нешто што може реално да се очекува е дека бројките во четвртиот квартал, споредбено со поретходните квартали треба да се намали трендот на динамиката на негативен раст.“

Инаку како дел од антикризните мерки од Владата најавуваа дека на Македонската банка за подршка на развојот ќе и се овозможи директно да ги кредитира малите и средни претпријатија.
XS
SM
MD
LG