Достапни линкови

Тужбата против Грција се комплетира


Хаг - Меѓународен суд на правдата
Хаг - Меѓународен суд на правдата

Македонија го комплетира образложението за тужбата против Грција поради прекршување на Времената Спогодба пред Меѓународниот суд на правдата. Од експертскиот тим на Владата велат дека тужбата нема да влијае врз преговарачкиот процес за името.

Паралелно со обновените преговори околу името, Македонија изминативе недели, со своите домашни и странски експерти го комплетира образложението за тужбата против Грција поради прекршување на времената спогодба и пречките што таа ги ставаат на својот северен сосед на патот на евроатланските интеграции.
Ова одлука на македонската Влада беше подржана од дел од домашната експертска јавност.
Ова е шансата за послабите страни, како што е Македонија во овој спор да добијат арена во која што ќе имаат еднакви шанси за успех


,,Треба да ги искористиме овие објективни, правни средства што ни стојат на располагање."

Вели Јана Лозановска од Евробалкан, докторант по мегународно приватно право.
Еден од експертите кои ги бараа правните аргументи Македонија да ја тужи Грција пред Хашкиот суд на правда проф. Тони Десковски оценува:

,,Суштинската работа во врска со обраќањето на Македонија пред Меѓународниот суд за правда, за заштита на правото од Времената спогодба во исто време значи и подршка или обврзување на Македонија да се придржува кон своите обврски од Времената спогодба."

Во наредните шест месеци Хашкиот суд за правда ќе побара Грција да испрати одговор. Странски експерти, оценуваат дека ова би бил преседан во практиката на Меѓународниот суд на правда и дека не се исклучува некакво компромисно решение на правниците во Хаг.

,,Ова е шансата за послабите страни, како што е Македонија во овој спор да добијат арена во која што ќе имаат еднакви шанси за успех."

Во експертскиот тим на Владата велат дека тужбата во Хаг нема да влијае врз текот на преговарачкиот процес со медијаторот. Но по
Проблемот со името треба да се реши што побрзо затоа што е во интерес повеќе на Македонија отколку на Грција
средбата во Женева, Нимиц не исклучил забрзување на преговорите. Од друга страна праксата е споровите пред Меѓународниот суд за правда да се одвиваат од 2-4 години. Дали Македонија ќе се определи за правно решавање на спорот со името или низ завршување на билатералните преговори со посредство на ОН?

,,Проблемот со името треба да се реши што побрзо затоа што е во интерес повеќе на Македонија отколку на Грција и тоа е точно, затоа што ние чекаме за влез во НАТО и ние чекаме датум за преговори за влез во ЕУ."

,,А една од тие обврски е онаа на Грција да не ја спречува Република Македонија да се интегрира во мултилатералните организации."

Изјавија, Владимир Мисев од Институтот за демократија и Слободан Чашуле екс министер за надворешни и главен уредник на неделникот Форум.
XS
SM
MD
LG