Достапни линкови

Ќе донесат ли изборите во ЕУ промени во политиката?


Знамето на Чешка и на Европската Унија
Знамето на Чешка и на Европската Унија

Неделава земјите членки на ЕУ ќе изберат нови членови на Европскиот Парламент. Дали новиот состав ќе значи промена на европската политика ќе зависи од тоа дали тој ќе стане поотворен за идните членки или ќе стане поконзервативна институција.

Од 4 до 7 јуни земјите членки на Европската Унија ќе изберат нови 736 членови на Европскиот Парламент. Дали новиот состав ќе значи промена на европската политика ќе зависи од тоа дали тој ќе стане полиберален и поотворен за идните членки или ќе стане поконзервативна институција. Овие избори се случуваат во екот на големата економската криза, застој во интеграцијата во ЕУ, пропаѓањето на проектот со Уставот и враќањето на Лисабонскиот договор кој го ревидира уставот, кои според професорот Денко
Малески го навестуваат исходот.

"Има одреден застој, заедно со таа една десничарска ксенофобија која што постои во овие повеќе развиени Европски земји и сето тоа укажува дека можно е исходот да биде понеповолен за нас, а имено работите да тргнат кон десно, кон нешто што ние не го очекуваме и
Мислам дека тие имаат идеја, таа зона на мирот да се прошири на Балканот, да не интегрираат нас како дел од европските структури
сакаме."

Прашањата кои се клучни за Македонија како и за повеќето од балканските држави, визната либерализација и приклучувањето нема пресудно да бидат под влијание на овие избори, додава Малески.

"Насоката е веќе зацртана. Мислам дека тие имаат идеја, таа зона на мирот да се прошири на Балканот, да не интегрираат нас како дел од европските структури, според тоа тие ќе работат на тоа."

Аналитичарот Махи Несими сите проблеми ги гледа во периодот на акомодизација на новата европска бирократија кое ќе трае неколку месеци и ќе одложи еден дел од процесите. Во овој контекст тој го сместува и својот сомнеж поврзан со добивањето датум за преговори за оваа година. Што се однесува до европската политика тој не очекува значителни промени но сепак додава.

,,Политиката на ЕУ глобално апсолутно нема да се менува, меѓутоа по прашањето на приклучување на новите земји односно преостанатите земји, сепак ќе доминира политиката."

Она што од овие избори е важно за Македонија, додава Малески, ќе биде да се следи расположението во соседните држави особено во Грција и во Бугарија како барометар на тоа во која насока ќе се движи политиката за да може да се позиционираат и нашите идни потези на полето на надворешната политика и прашањата поврзани со европската унија.
XS
SM
MD
LG