Достапни линкови

Четиринаесетмина загинати во експлозија во Мароко


од местото на експлозијата
Министерството за внатрешни работи на Мароко соопшти дека четиринаесетмина загинале во експлозија во кафуле во градот Маракеш а дваесетмина се повредени. Во соопштението на државната институција се наведува дека станува збор за напад кој е опишан како криминален акт. Меѓу загинатите има и странци. За сега не се познати повеќе детали за инцидентот. Претходно, медиумите јавија дека експлозијата била предизвикана од блокада во плинскиот систем во зградата. Маракеш е популарна туристичка дестинација во Мароко.
XS
SM
MD
LG