Достапни линкови

Поранешниот шеф на украинската разузнавачка служба обвинет за убиство


од видео снимките од апсењето на Олекси Пукач во 2009 година - акцијата се емитуваше на телевизија
Поранешен украински државен службеник денеска се појави пред суд, соочен со обвиненија за инволвираност во убиството на истражувачкиот новинар Хеорхи Гонгадзе пред десет години. Олекси Пукач, поранешниот шеф на разузнавачката служба при украинското МВР беше уапсен во 2009 година. Тој е највисокорангираниот државен службеник кој се појави пред судот обвинет за убиството на украинскиот новинар, чие обезглавено тело беше пронајдено во плиток гроб близу Киев во 2000 година. Во март обвинителството почна истрага за наводна инволвитраност на екс претседателот Леонид Кучма.
XS
SM
MD
LG