Достапни линкови

Случајот Сабери зависи од политиката


Роксана Сабери
Роксана Сабери
Иранската политика е непредвидлива и комплицирана и често многу е тешко да се очекува некаков политички развој. Истото би можело да се рече и за случајот со Роксана Сабери. Случајот со американско-иранската новинарка осудена на осум годишна казна затвор, поради шпионирање во корист на Соединетите Држави, пристигна како изненадување. И иднината на овој случај би можела да биде изненадувачка. Таткото на Сабери, кој неодамна ја посети вели дека поради штрајкот со глад во знак на протест поради затворска казна, таа е веќе изнемоштена.

„Нејзините раце се тресеа додека стоеше, јасно е дека нема сила за да ги помрдне. Психолошки таа е добро, но физички е изнемоштена бидејќи не јаде.“

вели најзиниот татко Реза Сабери. Аналитичарите сметаат дека многу други фактори ќе одиграат одлучувачка улога, додека иранските претставници да одлучат повторно да го разгледаат нејзиниот случај поради штрајкот со глад. Садех Зибакалам професор по политички науки на Универзитетот во Техеран кој го следи случајот со новинарката Сабери вели:

„Тоа зависи од политичкото делување, зависи од добрата воља на оние што ја имаат затворено. Зависи и од натамошните односи меѓу Иран и Соединетите Држави, и уште многу други параметри што ќе одиграат главна улога во нејзиниот случај.“


Сабери која од Иран работеше како известувач за американското национално радио и уште неколку други западни медиуми, се наоѓа во затвор од 31 јануари. Најпрво таа беше уапсена поради тоа што поседувала алкохол, што се смета за криминал во иранската исламска република, подоцна беше соопштено дека продолжила да работи иако новинарска акредитација и била истечена, за на крајот да биде осудена за шпионажа за Соединетите Држави. Но, според многумина Роксана Сабери всушност е жртва на затегнатите релации меѓу Техеран и Вашингтон. Некои дури сметаат и дека таа е заложник на иранските националистички сили, кои се обидуваат преку овој случај да ги саботираат напорите на американскиот претседател Барак Обама за подобрување на односите со Иран. Други пак шпекулираат дека е заложник на иранските власти за да можат да се спогодуваат во натамошните разговори со Вашингтон. Нејзините адвокати ја обжалија пресудата пред повисоките судски инстанци и очекуваат ако ништо друго казната да биде намалена.
XS
SM
MD
LG