Достапни линкови

Кризата ќе донесе уште потешки денови


Текстилна фабрика
Текстилна фабрика
Во последните седум месеци во Македонија има континуирано отпуштање на работници и затворање на производствени капацитети. На ова се надоврзува и големиот дефицит во размената со странство поради тоа што големите извозници се доведени во тешка ситуација на стопанисување. Последната најава е дека Цементарница „Усје“ од први мај, дома ќе испрати 180 работници. Како причина за ваквата одлука раководство на компанија ја правда со ефектите од глобалната криза. Бизнисмените, но и економските аналитичари прогнозираат дека на Македонија и престојат уште потешки денови.

„Владата мора да размислува за мерки што директно ќе ја потпомогнат оваа индустрија, во спротвно и натаму ќе имаме несакани последици во овие дејности. Генерално во Македонија, бројот на невработени во наредните четри-пет месеци ќе се зголемува.“

„Генерално бизнис климата во Македонија е добра, сепак факт е дека 2009-та година е со големи предизвици за целата бизнис заедница.“

изјавија Пеце Ристески, претседател на Синдикатот на металургија, енергетика и рударство и бизинисменот Живко Мукаетов.
Иако Владата на почетокот тврдеше дека Македонија нема да ја почуствува рецесијата, како се зголемува кризата така тимот на
Кај нас ќе почне како криза на реалниот, која ќе се префрли на финансискиот сектор. Но, ќе ја имаме кризата целосно
Груевски воведува мерки за да го амортизирал ударот. Една од одлуките на Владата неодмна беше и кратењето на буџетот. За експертската јавност ваквиот потег е малку задоцет.

„Кај нас ќе почне како криза на реалниот, која ќе се префрли на финансискиот сектор. Но, ќе ја имаме кризата целосно.“

„Мислам дека зависно од тоа како се одвиваат настаните во светот, така треба да се иновираат и мерките, односно некои можеби да се исклучат или пак дополнителни да се додадат.“

оценуваат универзитетските професори Ванчо Узунов и Томе Неновски.
Странски инвестиции во земјава не само што нема, туку има најави за можно повлекување. Инфорамцијата која беше лиферувана во медумите дека Хипо Алпе си заминува од Македонија, експресно беше демантирана. Сепак од австриската компанија признваат дека се соочуваат со потешкотии во работењето.

„Се прави оптимизација на трошоци, оптимизација на бизнис, со тоа што финансиската криза би се осетила во што помал обем према групацијата.“

Рече Ѓорге Војиновиќ директор на Хипо-лизинг.
XS
SM
MD
LG