Достапни линкови

Проблематични странски инвестиции


Премиерот Груевски поставува камен темелник на фабриката Сведмилк
Премиерот Груевски поставува камен темелник на фабриката Сведмилк
Проблематизирањето на дел од странските инвестиции во земјава го покрева прашањето дали Македонија испраќа примамливи сигнали за нови потенцијални странски инвеститори? Додека надлежните агенции во земјава во изминативе години објавуваа реклами во светски реномирани идеи под слоганот „Инвестирајте во Македонија“, дел од постоечките странски инвестиции се проблематизираат. Стопанствениците велат дека странските инвеститори не треба да се привлекуваат по секоја цена. Претседателот на Сојузот на стопански комори Златко Калеников вели дека секој странски инвеститор треба да ги почитува законите во земјата каде инвестира:

"Најважно е од страна на странскиот инвеститор да ги почитува законите, условите во државата во која што инвестирал. Значи јас да сум странски инвеститор во некоја држава, би го правел истото."

Калеников додава дека странските инвеститори треба да покажат добра воља не само за инвестирање туку и за прилагодување на своите активности во земјата каде се активираат:

"Да направам атомсфера во бизнис секторот, за да може мојата фирма да функционира."
Државата мора да ги искристализира критериумите за странските инвеститори, бидејќи се почесто се јавува еден расчекор меѓу странските инвеститори и домашното законодавство


Дел од бизнисмените сметаат дека за да не се проблематизираат инвестициите, потребно е да се постават јасни и конкретни услови за фер игра на пазарот. Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека секој странски инвеститор треба да се однесува согласно законите, а владата треба да постави јасни и конкретни правила за странските инвеститори:

"Државата мора да ги искристализира критериумите за странските инвеститори, бидејќи се почесто се јавува еден расчекор меѓу странските инвеститори и домашното законодавство."

Со конкретни закони кои важат за странските стопанственици, Темелковски смета дека може да се избегнат проблематизации на инвестициите.

"Во секој случај дека државата праќа и еден сигнал со кој сака да им каже на инвеститорите дека ќе го почитува правното законодавсто на домицилнаа држава и дека и тие мора да се прилагодат кон новите критериуми."

Посебно актуелни проблематизирани странски инвестиции во изминатиов период се „ЕВН Македонија“ и „Сведмилк“. Додека „Сведмилк“ западна во долгови и сега се соочува со револтирани фармери и активирана хипотека на фабриката, „ЕВН Македонија“ веќе подолго време е субјект на обвинувања дека не инвестирал колку што ветил во купопродажниот договор. Австрискиот инвеститор се судри со државната ЕЛЕМ по што најави тужба пред арбитражниот суд во Вашингтон. Од компанијата за сега се недостапни за коментар на актуелните проблеми и плановите за идни инвестиции.
XS
SM
MD
LG