Достапни линкови

Дефлација – цените паѓаат


Министерот за финансии Трајко Славевски
Министерот за финансии Трајко Славевски
На Македонија и се заканува дефлација, предупреди министерот за финансии Трајко Славески. Во изјава за печатот, Славески посочи дека дефлацијата е веќе факт а намалувањето на стапката на пораст е најава за стагнација.
Проблемот е што дефлацијата не оди сама од себе, така што таа ќе предизвика на крајот на краиштата, ако се зголеми вредноста на парите на домашен пазар уште поголем увоз и тоа ќе го влоши платниот биланс, и тој ризик е реален


Експертите велат дека дефлацијата како феномен во економијата сама по себе не е штетна, бидејки подразбира зголемување на цената на парите. Професорот Ванчо Узунов вели дека поопасни се последиците од дефлацијата.

,,Проблемот е што дефлацијата не оди сама од себе, така што таа ќе предизвика на крајот на краиштата, ако се зголеми вредноста на парите на домашен пазар уште поголем увоз и тоа ќе го влоши платниот биланс, и тој ризик е реален."

Узунов додава дека ризикот од стагфлација е реален

,,Тоа е нова кованица, стагфлација. Практично тоа е стагнација. И во таква фаза влегува македонската економија дефинитивно."

Економскиот аналитичар Сем Вакнин појаснува дека можните последици од дефлацијата се кочење на економскиот раст, примарно поради очекувањата на граѓаните дека цените ќе паѓаат.

,,Дефлацијата е штетна за економијата бидејки луѓето веруваат дека производите и услугите ќе поефтинат во идинина. Бидејки веруваат дека се` ќе поефтини, луѓето ги одлагаат своите одлуки за
Дефлацијата е штетна за економијата бидејки луѓето веруваат дека производите и услугите ќе поефтинат во идинина. Бидејки веруваат дека се` ќе поефтини, луѓето ги одлагаат своите одлуки за купување за во иднина. Со тоа одложување економијата стагнира
купување за во иднина. Со тоа одложување економијата стагнира. Како резултат на сето тоа профитабилноста на компаниите опаѓа и компаниите отпуштаат луѓе. Тоа е магепсан круг

Вакнин посочува дека Македонија не се соочува со стагфлација, бидејки не се регистрираат инфаторни, туку дефлаторни трендови

,,Тоа не е ситуацијата во Македонија. Сега во Македонија инфлацијата опаѓа и се повеќе се приближува кон границата на дефлација"

Инаку, според статистичките податоци, дефлацијата за прв пат се појави во јануари кога трошоците за живот во однос на декември се намалија за 0,2 отсто Намалувањето продолжи и во февруари кога повторно имаше намалување на трошоците за живот за 0,2 отсто. Благо подобрување на состојбата се забележа минатиот месец кога трошоците за живот се зголемија за 0,3 проценти.
XS
SM
MD
LG