Достапни линкови

Излезноста до 17 часот 33,65 отсто


Избирачко место
Избирачко место

Партиите задоволни од тоа што изборниот ден помина мирно. Меѓународните претставници идентификуваа некои неправилности во изборниот процес.

Излезноста на гласачите до 17 часот е 33,65 отсто за претседателските избори, додека на локалните избори гласале 41,69 отсто од гласачите информираат од Државната изборна комисија. Претседателот на комисијата Александар Новаковски вели дека не се
Најавените неправилности се констатирани, проверени, а потоа ДИК согласно изборниот законик ќе одлучува по тие забелешки
регистрирани посериозни инциденти и до сега имало само неколку технички неправилности.

,,Најавените неправилности се констатирани, проверени, а потоа ДИК согласно изборниот законик ќе одлучува по тие забелешки."

Освен шеф на државата, гласачите избираат и градоначалници во 43 општини. Во осум општини се врши прегласување за првиот круг од локалните избори.

Од граѓанската асоцијација МОСТ информираат за нерегуларности од неколку избирачки места. Регистрирано е агитирање на гласачите, семејно гласање, фотографирање на гласачките ливчиња и несоодветна употреба на УВ ламба.
Претставниците од политичките партии се задоволни од текот на изборите. Од сите поголеми политички партии во земјава изборите ги
Македонските граѓани, државјаните на Република Македонија, и институциите покажаа висока свест.
опишуваат како фер и демократски.

Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ го опиша изборниот процес како коректен:

,,Македонските граѓани, државјаните на Република Македонија, и институциите покажаа висока свест."

Андреј Пеотров од опозициската СДСМ вели дека голем напредок е што на годинешниве избори немало насилство

,,Меѓутоа, во услови на притисоци врз администрацијата, учесниците во изборниот процес, не може да зборуваме дека биле фер."
Во услови на притисоци врз администрацијата, учесниците во изборниот процес, не може да зборуваме дека биле фер


Рафиз Алити од ДУИ вели дека како претставник на партијата на власт е задоволен од изборниот процес. Во однос на излезноста, Алити додава:

,,Веќе имаме совети на општини, имаме и градоначалници, така што се очекуваше да има благ пад на излезноста."

Со позитивни проценки за изборите денеска излегоа и странските амбасадори во земјава. А,ериканскиот амбасадор Филип Рикер вели дека нема забележано неправилност:

,,Секако имавме извештаи за заплашување на гласачите, како и други грижи, но сепак ќе го чекаме извештајот на ОДИХР по изборите и ќе бидиме како работите ќе се одвиваат."
Ќе го чекаме извештајот на ОДИХР по изборите и ќе бидиме како работите ќе се одвиваат


Евроамбасадорот Ерван Фуере, пак, вели дека и во овој круг избори имало семејно гласање и заплашување

..Важно е да се напомене, како што веќе посочија од ОДИХР, дека изборниот процес не се проценува само според тоа што се случува на денот на изборите, туку и според случувањата за време на предизборната кампања."

Инаку за успешни избори потребно беше 40 отсто од регистрираните гласачи да се појават на избирачките места.
XS
SM
MD
LG