Достапни линкови

Средби на Обама со Браун, Медведев и Ху Џинтао


Обама и Медведев на заедничка средба
Обама и Медведев на заедничка средба
Американскиот претседател Барак Обама денеска е во Лондон, каде утре започнува самитот на Групата 20 економски најразвиени замји. Обама во Лондон најпрво се сретна со својот домаќин, британскиот премиер Гордон Браун. По средбата, американскиот претседател изјави дека сите земји имаат одговорност да работат заедно за справување со светската економска криза. Обама во Лондон за прв пат оствари средба со рускиот претседател Дмитриј Медведев, на која двајцата лидери се согласија да работат на намалување на нуклеарното вооружување. Имено како што е наведено во соопштението по средбата, Обама и Медведев се договориле да започнат разговори за нов договор за намалување на бројот на нуклеарни боеви глави, на ниво пониско од она што е договорено во 2002-та година, што предвидува двете земји да го намалат нуклеарниот арсенал меѓу 1700-тини и 2 200 до 2012-та година. Обама изјави:

„Двете земји, верувам имаат интерес за намалување на нуклераните резерви и промоција на неширење на нуклеарното вооружување. Двете земји имаат интерес за намалување на терористичките закани.“

Инаку, американскиот претседател во Лондон, оствари средба и со претседателот на Кина Ху Џинтао со кого договориле да ја засилат соработката поради економската криза и други финансиски прашања. Обама ја прифатил поканата во текот на годинава да ја посети Кина. Во пресрет на утрешниот самит на Групата 20, денеска во Лондон неколку илјади луѓе оддржаа протести изразувајќи го незадоволството поради актуелната економска криза. Демонстрантите гаѓале со камења кршејќи ги прозорците на една банка, а исто така накратко се судриле со полицијата.
XS
SM
MD
LG